Skip to main content

Таравари: На лекар да се јават сите коишто биле во дискотеката, дури и да немаат никакви симптоми

Повик до сите што биле присутни во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а не се јавиле на лекар, тоа да го сторат колку што е можно поскоро, упати денеска министерот за здравство, Арбен Таравари.

Како што кажа тој претпазливоста е потребна за да се спречи појава на евентуални компликации.

Ги молиме, ако имаат, но и ако немаат симптоми, да се обратат барем кај матичните лекари“, апелираше министерот Таравари.

Во пожар во дискокетата „Пулс“ во Кочани кој се случи на 16 март загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Сите пациенти кои вчера беа хоспитализирани во болниците во Кочани и Штип, денеска се префрлени во болниците во Скопје, рече Таравари.

Во Македонија 84 лица се хоспитализирани, а во странство ќе се лекуваат 51 пациент.

На скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“ има 49 хоспитализирани, во Градска општа болница ( ГОБ) „8 Септември“ – 18 пациенти, Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – 17 пациенти. Во Турција се испратени 9, во Бугарија 14, во Грција 5, во Србија 17, во Унгарија 2 и четворица пациенти во Литванија. Денес се очекува уште двајца да заминат за Словенија, за Хрватска 4, за Австрија 6 и 12 да заминат со авион за Белград.

Поврзани вести