
Директорот на Универзитетската Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, Фадил Цана денеска во изјава за медиумите информира дека синоќешниот пациент примен на нивната клиника со потврден позитивен резултат на мајмунска сипаница е во добра општа здравстена сосотоја и му се прават дополнителни иследувања.
Синоќа некаде пред полноќ се јавил пациент со резултат од Институтот за јавно здравје за потврден случај со присуство на мајмунски сипаници. Пациентот е прегледан и во тој момент немал никаква клиничка слика што би упатила на таква болест, но бидејќи тоа што имаме потврден лабораториски случај по напатствијата и протоколите треба да е под опсервација. Пациентот прифати да биде хоспитализиран и е во добра општа здравствена состојба. Дури и не прашува зошто е задржан, но заради тоа што треба да биде опсервиран и да биде под наше набљудување и да се направат дополнителни иследувања, пациентот прифати да биде кај нас. Пред малку јас го посетив пациентот и тој е во одлична здравствена состојба, освен лезиите што тој ги има во одредена регија на телото од кои е земен примерок и со лабораториско докажување потврдено е присуство на мајмунска сипаница, рече тој.
Потенцира дека иако имале информација од ИЈЗ дека кај двајца пациенти е потврдено присуство на мајмунски сипаници, вториот пациент се уште не се јавил на Инфективната клиника за преглед и хоспитализација.
Цана нагласи дека потврдениот резултат на пациентот со мајмунска сипаница не коинцидира со неговата клиничка слика. Посочи дека пациентот негирал дека има епидемиолошка анкета, дека имал некаков контакт со заболен со мајмунска сипаница.
Инаку, од симптомите што се клинички и стратифицирани лекари кои треба да ги лекуваме тие пациенти, пациентот негира дека имал било која од тие симптоми, освен тоа што има некои промени во кожата конкретно во генитална регија и кои биле мотив да се јави кај дерматовенеролог по обид да се отстранат со некаков дерматолошки третман, потоа следувало да се земе примерок од тоа и да се упати на ИЈЗ каде што е добиен потврден резултат на двајца пациенти, од кои самиот се појавил на Клиниката и по разговор и преглед од страна на дежурниот инфектолог, пациентот е хоспитализиран и е под опсервација, рече директорот на Инфективна.
Цана потенцира дека за оваа болест нема специфични лекови никаде во светот. Потенцира дека има одредени вирусни лекови кои им се даваат на пациентите со тешки облици на мајмунска сипаница.
Специфична терапија за оваа болест нема ниту кај нас, ниту никаде во светот. Било кој ќе го каже спротивното, само може да нагаѓа. Гугл докторот или било што ќе прочитате во интернет, тоа не држи. Клинички треба да се лекува пациентот, за кои ниту компетентни, ниту ФДА. Има некои вирусни лекови кои се даваат кај тешки облици на мајмунска сипаница, односно кај пациенти кои се имуно компромитирани. Во конкретниот случај зборуваме за пациент кој е имуно компетентен и има потврдена лабораториска дијагноза врз основа на промените во кожата што се само во одредена регија на телото, изјави директорот на Инфективната клиника, Цана.