
Семките од тиква се наоѓаат во средиштето на плодот, а печени може да се јадат како додаток во салати, можете да ги посипете преку омилените печива, а можете и да ги грицкате како ужина.
Богати се со протеини, масти, влакна, магнезиум, а содржат и калиум, цинк и железо.
Бројни научни истражувања имаат докажано дека се многу здрави и дека семките од тиква можат да помогнат во спречувањето на бројни болести.
Во продолжение ви откриваме пет причини зошто треба почесто да јадете семки од тиква…
Го балансираат нивото на шеќерот во крвта
Едно истражувањето што ги испитувало придобивките од семките од тиква во комбинација со ленено семе, открило дека можат да бидат корисни за спречување на високиот холестерол и регулирањето на нивоата на шеќерот во крвта. Хипогликемиските својства на семките од тиква можат да им помогнат на лицата со дијабетес подобро да го контролираат нивото на шеќерот во крвта.
Добри се за здравјето на срцето
Семките од тиква се добар извор на незаситени масти, меѓу кои и на алфа-линоленска киселина. Постојат докази дека консумирањето семки од тиква може да биде корисно за срцето и за превенција на кардиоваскуларни болести. Едно истражување од 2011 година, исто така, открило дека маслото од семки од тиква помага да се подобрат нивоата на холестеролот кај жените во менопауза. Со оглед на тоа што се корисен извор на магнезиум, семките од тиква помагаат и за регулација на крвниот притисок, но потребни се повеќе истражувања на оваа тема.
Богати се со антиоксиданси
Семките од тиква се добар извор на антиоксиданси, кои можат да помогнат при отстранувањето на слободните радикали, одговорни за оштетувањата на клетките. Едно научно истражување открило дека семките од тиква се поврзани со значително намален ризик од рак на дојка кај жените во постменопауза, во споредба со оние што не ги консумираат, а друго истражување покажало дека можат да помогнат во превенцијата и кај жените во перименопауза.
Можат да го намалат ризикот од рак
Иако не постои суперхрана што може да спречи рак, постојат докази дека здравата храна може да го намали ризикот од рак. Исхраната богата со семки од тиква се поврзува со намален ризик од одредените типови рак, вклучувајќи и рак на дојка, простата и дебело црево.
Придонесуваат за здравјето на мочниот меур
Некои научни истражувања откриле дека маслото од семки од тиква може да има потенцијал да спречи или да лекува уринарни инфекции, но потребни се понатамошни истражувања за да се потврдат овие тврдења.