
Утрата го одредуваат текот на целиот ден – истото важи и за стомакот. Овие 7 здрави идеи за појадок не само што се добри за варењето, туку и се преполни со хранливи состојки кои ќе ве држат енергични, сити и урамнотежени.
Овесна каша со ленено семе и јаболка
Овесната каша е лесна за желудникот, богата е со растворливи влкна кои го поттикнуваат празнењето на цревата и развојот на добри бактерии. Додајте рендано јаболко за природни пребиотици и посипете мелено ленено семе, кое содржи омега-3 масни киселини и дополнителни влакна.
Кисело млеко со никулци и суви сливи
Киселото млеко е природен пробиотик што ја обновува цревната флора, додека сувите сливи ја поттикнуваат перисталтиката и го олеснуваат празнењето. Додајте лажица пченични никулци за дополнителни влакна, кои ги хранат корисните бактерии во цревата.
Банана и путер од кикирики на интегрален леб
Интегралниот леб обезбедува влакна корисни за цревата, додека бананите содржат природни пребиотици кои го поттикнуваат размножувањето на добрите бактерии. Нанесете слој од путер од кикирики за здрави масти и растителни протеини кои подолго ќе ве држат сити.
Овошна салата со семиња
Исечкајте сезонско овошје, богато со влакна и ензими за варење. Посипете чиа или ленено семе – извор на омега-3 масни киселини влакна.
Овесни снегулки со чиа семе и зрнесто овошје
Потопените овесни снегулки се лесни за дигестивниот систем и гарантираат добар почеток на денот. Измешајте ги со лажица чиа семе, млеко по избор и грст зрнесто овошје. Оставете да отстои прекуноќ во фрижидер и уживајте во појадокот богат со влакна.
Тофу кајгана со спанаќ
Растителна верзија на кајгана – богата со протеини, дејствува противвоспалително и заситува. Тофуто е одличен извор на растителни протеини кои ги поттикнуваат цревата, додека спанаќот содржи влакна, железо и пребиотици. Кога ќе се пропржат со лук, куркума и ким, овој појадок е вкусен и лесен за стомакот.
Смути со кефир и зрнесто овошје
Кефирот е ферментиран млечен пијалак кој содржи повеќе пробиотици од јогуртот. Измешајте го со зрнесто овошје, лажиче мед и банана или овесни снегулки, по желба. Ова смути е кремливо, освежително кисело и исклучително добро за цревата. Идеално е за топлите денови кога не сакате тешка храна.