Skip to main content

Седми смртен случај од западнонилска треска, почина 69-годишен пациент од Гази Баба кој беше повеќе од 38 дена во болница

Шеесет и девет годишен скопјанец од Општина Гази Баба е седмиот смртен случај во земјава како последица од западнонилска треска.

Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска истакна дека починатиот пациент имал коморбидитети и бил најдолго хоспитализиран, повеќе од 38 дена.

Во однос на нови случаи, министерот информираше дека во овие три дена има еден нов сомнителен случај, а лицето е од Радишани.

Од викендов наваму сите нови случаи се од Скопје Север. Разговарано е со градоначалниците да обрнат внимание во однос на мерките, нагласи Клековски.

Вкупно хоспитализирани како последица од западнонилска треска се 19 лица.

Поврзани вести