Skip to main content

Се случува во еден ден и 10 возила да се расипат од премногу работа, откри Ѓорѓиевски и најави две нови претоварни станици

Се чека да започне рокот на испорака на над 100 автобуси за градскиот сообраќај во Скопје, но и за останатите општини, најави денеска градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој се заблагодари на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и на целиот тим кои помогнаа на град Скопје и на останатите општини да се реши проблемот со превозот и обновата на автобусите.

Прашан дали е задоволен од комуналната хигиена во Град Скопје, Ѓорѓиевски изјави дека генерално е нормализирана состојбата со отпадот, за разлика од пред една година кога ја презеле работата на Комунална хигиена и затекнале само 17 возила исправни, кои можат да го собираат сметот по општините.

Во моментов имаме околу 50 возила кои што се функционални, но јас секогаш тоа го велам – долги години наназад не се обезбедени нови возила и на дневна основа се случува по три, пет, седум, некогаш и по 10 возила ни паѓаат од работа – поради дефекти. Ова е значителна помош. Сите овие 27 возила – дел се цистерни за перење, дел се метларки кои што подобро ќе ги сервисираат тротоарите, плоштадите и сè останато, местата каде што народот наш се движи овде во Скопје, но најголем дел се возила кои што ќе собираат комунален отпад по руралните средини. Таму најмногу ни недостигаа, но и по булеварите и главните улици во општините каде што имавме проблем – вели Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека друг проблем биле претоварните станици и губењето време, како и трошењето ресурси.

Во моментов немаме функционални претоварни станици за да го бајпасираме делот Карпош, Ѓорче Петров и дел од Центар. Сега обезбедивме сами како Град Скопје, како Комунална хигиена, две претоварни станици-едната ќе биде токму таму стационирана и многу побрзо ќе се движат процесите во однос на собирањето на отпадот, а другата ќе биде стационирана во Гази Баба, која што ќе го покрива тој регион таму-вели Ѓорѓиевски.

Градоначалникот на Град Скопје Ѓорѓиевски посочи дека дополнителен проблем е недостигот на контејнери, кои се стари и дотраени.

Во наредниов период и тој дел од прашањето ќе го решиме и мислам дека ќе имаме целосно нормализирање на процесите-подвлече Ѓорѓиевски.

Забележа дека од страна на градоначалниците на ЗЕЛС е заклучено дека најголем проблем за комуналната хигиена е недостигот на механизација, а токму набавката на новите возила за комунална хигиена, кои и денеска беа прромовирани, се во насока на подобрување на состојбите со собирањето на сметот.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetcasibomjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomjojobet telegramjojobet güncel girişjojobet güncel girişjojobet girişjojobet girişjojobetjojobetcasibomholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelbahsegelcasibomjojobetligobetholiganbetholiganbetzbahisroketbet