
Рускиот министер за надворешни работи. Сергеј Лавров, рече дека ќе бидат затворени ограноците на институтот во Москва, Санкт Петербург и во Екатеринбург, иако Институтот „Гете“ на својата интернет-страница не наведува дека има огранок во Екатеринбург.
Русија ќе затвори повеќе ограноци на германскиот институт „Гете“ како одговор на одлуката на Германија да нареди затворање руски културен центар во Берлин, во услови на сè поголеми тензии меѓу двете земји, соопшти денеска Москва.
Институтот „Гете“, кој е финансиран од германското Министерство за надворешни работи, е непрофитна организација што го промовира изучувањето на германскиот јазик.
Одлуката беше соопштена откако Германија неделава воведе санкции против Москва – меѓу кои и затворање руски културен центар во Берлин – обвинувајќи ја Русија за обид за „хибриден напад“ врз аеродромот во Лајпциг минатиот месец.
Русија ги оцени германските обвинувања како неосновани и „апсурдни“.
— Германците тука имаат ограноци на Институтот „Гете“… Се разбира, тие ќе бидат затворени откако нашиот културен центар таму беше принуден да престане со работа — изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, според државната новинска агенција ТАСС.
Тој рече дека ќе бидат затворени ограноците на институтот во Москва, Санкт Петербург и во Екатеринбург, иако Институтот „Гете“ на својата интернет-страница не наведува дека има огранок во Екатеринбург.
about:blankReport Ad
Германија изрази жалење поради одлуката на Русија.
— Институтот „Гете“ имаше важна улога во Русија како културен мост и ние бевме подготвени тоа да продолжи — изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул пред новинарите.
Тензиите меѓу двете земји нагло се зголемија откако Берлин минатиот месец ја обвини Москва дека стои зад инцидентот со дрон на аеродромот во Лајпциг.
Русија вчера го повика германскиот вршител на работи поради, како што ги нарече, „антируски постапки“ на Берлин преземени како одговор на инцидентот.

Македонски


