Skip to main content

Почна школската година, ИЈЗ објави препораки за учениците како да се спречи ширење на зарази

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави препораки за учениците и вработените во училиштата, кои денеска ја почнуваат учебната година, со цел да се спречи ширење на заразни заболувања поради честите контакти.

Во препораките со мото „Здрави ученици – здрава иднина!“, кои ги сподели и Министерството за образование и наука, ИЈЗ меѓу другото препорачува лична хигиена – миење на рацете, проветрување на просториите, препораки при настинка и навремена вакцинација според календарот за имунизација.

Здравјето е наш најголем успех. Малите навики прават голема разлика. Чисти раце, свеж воздух, одговорно однесување, здрави ученици. Заедно да создадеме безбедна и здрава училишна средина, се наведува во препораките на Институтот за јавно здравје.

Поврзани вести