Skip to main content

Ниту една земја во ЕУ, ниту една земја во светот не може сама да се справи со толку голем број жртви со тешки изгореници, Македонија мора да побара европска помош

Македонија мора да побара европска помош за жртвите со изгореници! Ниту една земја во ЕУ, ниту една земја во светот не може сама да се справи со толку голем број жртви со тешки изгореници. Романија направи трагични грешки во 2015 година по пожар во ноќен клуб, Македонија не смее да ги повтори овие грешки, вели поранешниот министер за здравство на Романија и член на Европскиот парлемент Влад Воичулеску, координатор за здравство на групата Renew Europe.

Утринава во дискотека во Кочани во пожар загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Македонија учествува во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ (UCPM) и може да побара помош во случаи на големи катастрофи. Ова е токму таква ситуација. Македонските власти мора итно да поднесат официјално барање за помош за жртвите да добијат специјализиран третман во најдобрите европски центри за изгореници.

Сигурен сум дека комесарката Хаџа Лахбиб веќе е вклучена и дека европските институции како што се Центарот за координација на итни одговори (ERCC), Генералниот директорат за цивилна заштита и хуманитарна помош (DG ECHO) и Европската комисија за подготвеност и одговор на здравствени итни случаи (HERA) веќе ги преземаат првите чекори за да помогнат. Но без официјално барање од Македонија, се губи драгоцено време – време што може да спаси животи.
Романија направи трагични грешки во 2015 година по пожарот во ноќниот клуб Colectiv, доцнејќи со меѓународната помош и не евакуирајќи ги пациентите навреме. Многу луѓе изгубија животи непотребно поради политичка неодлучност и бирократски пречки. Македонија не смее да ги повтори овие грешки.
Ако сте во Македонија, барајте итна акција од вашата влада! Секој час е важен, објави поранешниот министер за здравство во Романија на социјалните мрежи.

Поврзани вести