Skip to main content

„Клексан“ и уште два антикоагуланти ставени на позитивна листа: Можат да се земат во аптека со рецепт без рефундација

Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лекови еноксапарин, надропарин и ривароксабан, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјава. Кај еноксапаринот се достапни два бренда, кај надропаринот е достапен еден бренд и кај ривароксабанот во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап, истакна денеска на прес-конференција во Владата, генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.

Посочи дека два антикоагулантни први биле достапни со рефундација, а од сега па натаму ќе бидат достапни на позитивна листа со рецепт.

Двата антикоагуланти се во рангот од 1.100 денари до 2.700 денари, ценовен ранг во зависност од дозажата и големината на терапијата. Сега ќе биде достапна за партиципација од 160 до 240 денари и еден од брендовите ќе биде достапен без доплата. Значи едниот бренд ќе биде без доплата, вториот бренд ќе биде со доплата, меѓутоа осигурениците имаат можност да изберат и има лек без доплата. Ова ќе значи дека овој лек ќе биде достапен за само за партиципација со 100 од 160 до 240 денари во зависност од дозажата на на на лекот. Овде ќе има повеќе коментари за овие два лека, бидејќи рефундацијата предизвикува преминувањето рефундација во позитивна листа предизвикува неколку промени – рече Клековски.

Третиот антикоагулант ривароксабанот, како што појасни, прв пат е на позитивна листа и досега се движеше во рангот од 2.000 денари до 2.200 денари, а сега ќе биде достапен за партиципација од 160 денари.

Во почетниот период ќе има доплата од 105 денари до 505 денари во зависност од дозажата и бројот на таблети. Во најчесто користената дозажа тоа се 10 милиграма по 30 таблети, заштедата на граѓаните ќе биде 1.752 денари. Од 1 јануари 2027 година овој лек ќе биде достапен без доплата само со партиципација. Во основа тоа што го постигнуваме не е само намалување на цената за осигурениците за граѓаните, кажав веќе дека на последниот антикоагулант заштедата на најчесто користеното пакување ќе е 1.700 денари, туку обезбедуваме и намалување на цените. Значи референтната цена на лековите ќе биде значително намалена. Во еден случај ќе биде намалена за 50 проценти, што значи дека ќе имаме не само намалена цена за пациентите, ќе имаме намалена и цена и за Фондот – потенцира Клековски.

Тој истакна дека со тоа почнуваат со две поставки – прво тоа е вклучување скапи лекови по дефиницијата на Фондот, значи лекови што чинат од 2.000 денари до 3.000 денари во месечни дози, сега може да варираат повеќе или помалку и означуваат дека во натамошните чекори ќе се стремат да вклучат вакви ваков тип на лекови, затоа што овие се лековите кои претставуваат значителен товар на граѓаните.

Повеќе пати имаме дискутирано едно е ако месечните дози на лекот се 100, 200, 300 денари, а друго кога се 2.000 денари, 3.000 денари не еден лек, а овие лекови обично не одат сами кај хроничните болни и неколку од овие лекови знаат да бидат препишани. Прв пат го користиме вклучувањето на позитивната листа за намалување на цените. Значи имате две можности да бидете на слободен пазар, на приватен пазар и цената се формира по едни други механизми. Со вклучувањето на позитивната листа цената се формира со системот на референтни цени. Значи се земаат цените од Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија и Грција во одредени случаи, кои се референтните земји за Македонија и во согласно тоа одредуваме референтна цена – рече Клековски.

Појасни дека низ процес на дијалог со фармацевтските куќи бараат вклучувањата да бидат без доплата и да одат каскадно кон намалување на цената, да бидат во одреден период без доплата. Само во случајот на ривароксабанот од претходната цена до новогодишната цена, нагласи, ќе имаме повеќе од 50 отсто намалување на цената што Фондот ја плаќа надвор од тоа што пациентот го плаќа како партиципација.

На овој начин сметаме дека ќе се раздвижи пазарот на лекови и ќе влијаеме да почнат да се намалуваат цените на лековите достапни во Македонија. Нема да е едноставно, бидејќи ова ќе значи намалување на маржите на фармацевтските куќи и на аптеките, бидејќи поинаку се формираат и цените и маржите кога се на слободен пазар, кога се на позитивна листа, меѓутоа сме посветени во овие чекори да продолжиме понатаму. Aптеките се информирани, матичните лекари се информирани и во основа сметавме дека помина доволен период да лековите ги има во аптеките, матичните лекари да почнат со препишување – рече Клековски.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на достапноста во аптеките, тој нагласи дека им дале време на аптеките да се прилагодат, сите аптеки и сите матични лекари се известени и треба да постапат согласно правилата. Секоја аптека мора да ги има лековите што се на позитивната листа и што се издаваат на рецепт, истакна Клековски и ги повика граѓаните да пријават во Фондот, преку инфо-мејлот или формуларот за информации, доколку некоја аптека одбие да издаде лек на рецепт.

Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт. Од разговорите со фармацевтските компании имам информација дека во некои аптеки не се нарачани доволни количини. Очекувам во наредните денови снабдувањето да се стабилизира, особено во помалите градови. Аптеките прво ги снабдуваат поголемите, централни аптеки, а потоа дистрибуцијата продолжува и кон помалите. Меѓутоа, пациентите не смеат да бидат вратени доколку имаат рецепт. За сите овие лекови рецептот го издава лекар специјалист. Тоа може да биде гинеколог или друг специјалист, во зависност од индикацијата. Потоа лекот може да го препишува и матичниот лекар, без ограничувања, сè додека се почитуваат индикациите и условите што се утврдени – истакна Клековски, одговарајќи на новинарско прашање.

Значи, појасни тој, секој пациент на кој лекот првично му бил препишан од гинеколог или друг специјалист, а има соодветна индикација, ќе може да продолжи со терапијата и понатаму. Додаде дека не очекува да има какви било проблеми во однос на достапноста, ниту, пак, во однос на загриженоста на пациентките кои се бремени и на нивниот пристап до лекот и не очекува поголеми проблеми во тој дел.

Поврзани вести