Skip to main content

Институт за психологија апелира до медиумите да се воздржат од сензационалистички начин на информирање за пожарот во Кочани

Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје апелира до сите медиуми да се воздржуваат од сензационалистички начин на информирање за пожарот во дискотеката во Кочани каде загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје, апелира до сите медиуми да се воздржуваат од сензационалистички начин на информирање и од генерализирање на настанот на колективно ниво, бидејќи на тој начин се интензивира траумата на сите граѓани во државата, а најмногу на блиските на настраданите. Во овие моменти, најважно е медиумите строго да се придржуваат кон Етичкиот кодекс на новинарите за начините на известување во несреќи, како и да придонесат во давање поддршка на настраданите, на нивните блиски и на сите граѓани, велат од Инстотутот за психологија.

Поврзани вести