Skip to main content

До кога смеат да се јадат велигденските јајца?

По Велигден на сите ни останаа многу велигденски јајца во ладилникот, а она што е најважно е да знаеме до кога се јадат, бидејќи не ретко се случува болниците да се наполнат по празниците, поради прејадување и труење.

Свежите јајца во фрижидер можат да стојат четири до пет недели.

Но, тврдо варените јајца побрзо се расипуваат од свежите бидејќи со варењето се измива заштитната мембрана и преку лушпата можат да влезат бактерии. Така во ладилник стојат најмногу една недела.

Поврзани вести