
Во рамки на годинaшната програма на Фестивалот на критичка култура КРИК вечерва во 18 часот во Музејот на современа уметност гостува една од меѓународно најзначајните уметници од регионот, Шејла Камериќ.
По меѓународното претставување на инсталацијата „AWAKE” во април во MuseumsQuartier во Виена, нејзиниот комплекесен политички и интимен проект Камериќ доаѓа во Скопје.
Уметноста на Шејла Камериќ повеќе од две децении отвора простор за размислување за она што Балканот, Европа и светот воопшто, често се обидуваат да го потиснат: сеќавањето, траумата, насилството, идентитетот, политичката одговорност и кревкоста на заедничкиот живот.

Македонски


