Skip to main content

Детскиот хирург д-р Ристо Симеонов изврши исклучително ретка и сложена операција кај 10-месечно бебе со вродено заболување на дебелото црево

Аџибадем Систина болница

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ извршена e исклучително ретка и сложена операција кај 10-месечно бебе со Hirschsprung-ова болест – вродено заболување на дебелото црево при кое недостасуваат нервни клетки, што оневозможува нормално празнење на цревата и доведува до сериозни здравствени компликации уште во најраната возраст.

Операцијата ја изведе детскиот хирург, доц. д-р Ристо Симеонов, кој вели дека станува збор исклучително редок случај.

Со примена на современата хируршка метода transanal pull-through, успешно беше отстранет нефункционалниот дел од цревото во должина од 57 сантиметри, што претставува најдолг досега забележан сегмент опериран со оваа метода, редок случај дури и во светски рамки, изјави детскиот хирург доц. д-р Симеонов.

Овој зафат претставува значаен медицински успех и уште една потврда за високото ниво на експертиза во македонската детска хирургија, како и надеж за подобар и поквалитетен живот за најмладите пациенти со ова ретко заболување.

Постоперативниот тек се одвиваше стабилно и по 7-дневниот престој на бебето во болницата, денес во стабилна состојба си замина дома.

Поврзани вести