
Светската здравствена организација (СЗО) објави нови резултати од истражувањето кои покажуваат загрижувачки ниска свест за поврзаноста меѓу алкохолот и ракот во Европа, поттикнувајќи повици за јасни предупредувања за алкохолните пијалоци, слични на оние што ги има на кутиите за цигари.
Алкохолот предизвикува 800.000 смртни случаи годишно во Европа, но само мал процент од населението е свесен за ризиците, соопшти европската канцеларија на СЗО, повикувајќи се на новото истражување.
Само 15 отсто од испитаниците знаат дека алкохолот предизвикува рак на дојка, додека 39 отсто се свесни за неговата поврзаност со ракот на дебелото црево, се вели во соопштението на СЗО.
И покрај тоа што ракот е водечка причина за смрт од алкохол во Европската унија, јавната свест за врската меѓу алкохолот и ракот е алармантно ниска“, се вели во извештајот.
СЗО повторно предупреди дека алкохолот предизвикува рак и го поддржа јасното означување на производот, но за првпат повика на нови владини регулативи.
Како што истакнува СЗО, предупредувањата треба да бидат во писмена форма, која може да се комбинира со слики.
Во моментов, само три од 27 земји на ЕУ имаат такви предупредувања.