
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска остварил работна средба со директорите на Клиниката за кардиологија и на Клиниката за државна кардиохирургија, Даница Петкоска Спирова и Дејан Димитровски.
Како што информираат од Министерството за здравство, на средбите е разговарано за актуелните состојби во овие јавни здравствени установи, како и за можностите за нивно зајакнување и целокупно унапредување на условите во интерес на пациентите и на самите здравствени работници.
Воедно, на средбите е разговарано и за тековните предизвици со кои се соочуваат двете клиники, имајќи предвид дека секојдневно третираат исклучително комплексни и тешки случаи.