
Вкупно 12 пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани и се лекуваа на Клините во Скопје денеска заминуваат на домашно лекување изјави денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, на брифингот со новинарите.
Вкупно во болниците во Скопје се 39 пациенти. Денеска се испишуваат 12 пациенти и практично ќе останат 27 пациенти кои се лекуваат во болниците во Скопје. Исто така во странство продолжуваат да бидат 115 пациенти. Имаме добра вест, што најверојатно еден пациент од Белград се враќа денеска, ќе биде на понатамошно лекување во Скопје. Состојбата на пациентите надвор во државата, продолжува кај четири-пет пациенти да бидат во посериозна состојба, некаде има и влошување, но колегите се обидуваат да дадат максимум од себе, за да го поминат овој тежок период за нив“, изјави Таравари.
Екипи од Клиниката за пластичка хирургија веќе заминале за Кочани и таму ќе даваат третман на повредените.
На 16 март во пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица, претежно деца и млади, а околу 200 беа повредени.