Skip to main content

За Велигден треба да го имате ова цвеќе на маса: Се верува дека носи среќа и хармонија во семејството

Freepick

Кога станува збор за Велигден постојат голем број народни обичаи, а еден од нив се однесува и на цвеќето.

Според тие обичаи цвеќето има важно место во празнувањето на Велигден. Имено не е сеедно кои цвеќиња ќе бидат на трпезата тој ден и што тие симболизираат. Во духот и симболиката на пролетта и повторното раѓање, се верува дека на Велигден треба да имате едно од овие три цвеќиња во домот.

Момина солза

Момината солза се смета за симбол на среќа и чистота на срцето.

Пожелно е на Велигден да го имате ова цвеќе во домот, а во пролетниот период честопати е дел од бидермаери и букети.

Лилјан

Добро е познато дека лилјанот е симбол на чистота, убавина и невиност, а со тоа и на Божјата милост и воскресение.

Овие цвеќиња често се поврзуваат со мајчинството и плодноста. Можете да го подарите на некој близок за Велигден или пак да го украсите домот со него.

Лале

Обично, лалињата се поврзуваат со богатство, слава и амбиција, па многумина ги подаруваат кога сакаат да го посакаат тоа на некој близок. ако ги внесете во куќата на Велигден, привлекуваат успех. Букет лалиња во вазна сигурно ќе ви го разубави домот за Велигден.

Поврзани вести