Skip to main content

Мини Морис 30 години стоел во гаража, се продава како нов

Ретко се појавува оглас што привлекува толку големо внимание кај ентузијастите за стари автомобили. На продажба е Мини Ровер 1000 Класик од 1990 година, автомобил кој поминал три децении во гаража, целосно зачуван и подготвен за нови авантури. Цената е 14.995 евра.

Foto: autoscout24.de

Автомобилот е испорачан кон крајот на 1990 година, а неговиот прв и единствен сопственик го возел редовно до 1996 година, кога ја изгубил возачката дозвола. Наместо да го продадат, семејството одлучило да го одјави и да го складира. Таму останал недопрен 30 години, заштитен од временски услови и прашина.

Километражата покажува само 30.160 километри, а автомобилот има комплетна сервисна книшка. Внатрешноста е црна, едноставна и беспрекорно зачувана, без додатоци што би го расипале оригиналниот карактер на моделот.

Поврзани вести