
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ – Скопје на редовното годишно изборно Собрание, избра ново раководство на комората со мандат до 2028 година.
За членови на Управниот одбор на МАСИТ беа избрани: Јордан Димитровски, Аитоникс, претседател на УО, Благој Христов, Македонски телеком, Драган Чепујноски, А1 Македонија, Дамјан Манчевски, МАК-систем, Софче Јовановска, Скеил фокус, Весна Иваноска, Киншифт академи, Костандина Пареска Медарски, Валтек, Филип Петровски, Дата мастерс и Зоран Лазаревски, Ултра.

За членови на Надзорен одбор на МАСИТ, избрани се Горан Митев, Едусофт, Миле Стоиловски, Брансис и Маријана Андриќ, Маранд.
За членови на Судот на честа на МАСИТ избрани се Дашмир Истрефи, Хојотек, Сашо Јовановски, Даталаб и Јана Дамевска, Инфиго.
На конститутивната седница на УО на МАСИТ, Јордан Димитровски, експерт за развој на бизнис, сопственик и извршен директор на компанијата „Аитоникс“ беше избран за претседател на Управниот одбор на МАСИТ за мандатниот период 2025–2028. Компанијата Аитоникс е високо етаблирана и добро позната во ИКТ индустријата, а оваа година одбележува 25 години успешно работење во Македонија.
Веруваме дека изборот на Димитровски носи нова енергија, фокус на конкретни резултати и посветеност на јакнењето на улогата на ИКТ секторот во националниот развој. Во согласност со последните статутарни, функцијата претседател на Управниот одбор вклучува и улога на официјален претставник на Комората пред институциите, партнерите и јавноста, што ја позиционира оваа функција како клучна во понатамошното водење и застапување на МАСИТ. Очекуваме период исполнет со засилена соработка меѓу членовите, проактивна улога на Комората во креирање на политики и конкретни чекори во насока на дигитална трансформација и интернационализација на македонските ИКТ компании“, соопшти МАСИТ.