Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска на граничната линија меѓу Македонија, Косово и Србија, соопштија од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил во 11:41 часот, а епицентарот бил на 5 километри југозападно од градот Гњилане во Косово.
Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје потврдија дека сеизмолошките станици претпладнево регистрирале земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала чиј епицентар се наоѓа на 36 километри северозападно од Скопје, на територијата на Косово
Оттаму велат дека земјотресот бил почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степен според Европската макросеизмичка скала.