Skip to main content

Затворена скопската обиколница поради пожарите

МИА
МИА

Поради разгорување на пожарите, од 17 часот затворена е за сообраќај скопската обиколница од клучка Арачиново до клучка Приштина, информира АМСМ.

Од 17:20ч затворен е сообраќајот и од клучка Радишани кон Тетово и обратно од клучка Орман до клучка Мирковци.

Сообраќајот од Скопје кон ГП Блаце, пак, кој беше целосно во прекин, од 17:20 е пуштен за патнички возила, но се уште важи забраната за камиони.

Поврзани вести