
Во соработка со директорите на основните и средните училишта на територијата на општина Струмица, во наредните денови ќе се реализираат вежби за евакуација на учениците и училишниот персонал во случај на пожар, соопшти на фејсбук градоначалникот на Струмица.
Вежбите ќе бидат организирани со учество на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица.
Апелирам до сите граѓани да не создаваат паника ако приметат невообичаени случувања или интервенции на терен, бидејќи станува збор за вежби и симулации.
Овие активности се дел од нашите редовни подготовки за брзо и ефективно реагирање во случаи на непредвидени настани, и се изведуваат со цел зголемување на безбедноста на нашите ученици и вработени.
Таквите вежби во различни училишта ќе ги има еднаш неделно.