
Денеска утрото е ведро и посвежо, a преку ден ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура е во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен Целзиусов.
Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 31 степен Целзиусов.
За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот. Потоа ќе настапи зголемување на облачноста.