
Најстудено утрово е во Скопје – Петровец и Берово каде се измерени -6 степени.
Зад нив се -5 степени во Битола, Демир Капија, -4 во Тетово, Струмица, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Штип, Кавадарци, -2 во Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес, Mаврови Анови, -1 во Претор, Виница, 1 во Гевгелија, Kрушево, Попова Шапка.
Во утринските и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко.
Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Македонски






