![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/studeno.jpg)
Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Утринските температури ќе се движат од -11 до -4 степени, а дневните од 4 до 11 степени.
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната дневна температура ќе изнесува 9 степени.
До среда ќе продолжи периодот на стабилно и суво време, во најголемиот дел од земјата со негативни утрински температури. Понекаде во котлините наутро ќе има услови за појава на магла.
Од ноќта кон среда од запад ќе започнуваат врнежи од снег и понекаде од дожд. Ќе се создаде снежна покривка особено во западните и северните делови, а постојната значително ќе се зголеми.