Skip to main content
SYV6Sb7tQTQ

„Тежок момент за албанската нација каде и да живее“ : Koсово е во шок по пресудите на Хашкиот суд

Вршителот на должноста претседател Албулена Хаџиу изрази шокираност од денешната одлука за Специјале, но и поддршка за семејствата на поранешните воени водачи на ОВК.

Хаџиу рече дека Косово е со нив и дека на земјата ѝ се потребни мир и единство.

„Денешната пресуда и изречените казни за Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селим се тежок удар за нивните семејства, длабоко шокантна вест за Република Косово и тежок момент за албанската нација каде и да живее.

На ден како овој, тежината на оваа одлука не може да се одвои од историјата од која доаѓаме. Косово го доживеа насилството на државниот апарат кој убиваше цивили, изврши масакри, протера стотици илјади Албанци од нивните домови и остави илјадници мртви и исчезнати. Ова искуство е неизбришлив дел од сеќавањето на Косово и на албанската нација.


Моите мисли се, пред сè, со семејствата на Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селим. Со години тие го носеа товарот на лишување, чекање и неизвесност. Денешните казни го прават овој товар уште потежок.

Им пренесувам порака од Косово, останете силни, Косово е со вас. Последниот правен збор не е кажан. Правото на жалба е дел од процесот и мора целосно да се оствари.

giyimbahsegelJojobet