Skip to main content

Фото изложба на Бобан Китановски во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје

На 22 септември (вторник) во 19 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје ќе биде отворена фото-изложбата на Бобан Китановски.

Ова е четврта фото изложба на Китановски и на неа ќе бидат претставени 30 фотографии кои биле направени во последните две години на планинарски авантури низ цела Македонија.

Македонија е вечна инспирација. Во различни годишни времиња, на различни планини, различни глетки и објекти беа во фокусот на вниманието.

Македонија има неограничен потенцијал на природни убавини, културно историски знаменитости, гостопримливи жители кои чекаат да бидат откриени и доживеани. Да ја запознаеме подобро, да ја засакаме повеќе нашата Македонија, ако не во живо, тогаш може и низ фотографии, вели авторот на изложбата Китановски.

Изложбата е отворена до 29 септември.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobet