Skip to main content

УХМР предупредува за високи температури, портокалова фаза на територијата на цела држава

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) објави портокалов метеоаларм за 6 септември, за територијата на целата држава.

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени Целзиусови.

Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

До крајот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност во текот на денот. Утре ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 km/h. Од вторник ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Поврзани вести