Skip to main content

Утре наутро во Маврово ќе биде два степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.

Најстудено ќе биде во Маврово, каде утринската температура ќе се спушти до 2 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, Демир Капија и во Велес, каде температурата ќе достигне до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала облачност. Температурата во главниот град ќе се движи од 7 до 24 степени Целзиусови.

За следните денови УХМР најавува дожд.

Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок. Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд.

Поврзани вести