Skip to main content

Уште денес сончево и топло време, од утре студ

По неколкудневното стабилно и топло пролетно време, во Македонија веќе од ноќта кон вторник пристигнува изразена промена на времето, проследена со значително заладување и нестабилни временски услови.

Според најавите, продор на студен воздух од север ќе предизвика пад на температурите за повеќе од 10 степени, како во земјава, така и низ поширокиот Балкански Полуостров. Оваа промена ќе донесе врнежи од дожд во пониските делови, додека на планините се очекуваат и врнежи од снег.

Покрај врнежите, времето ќе биде проследено и со засилен северен ветер, што дополнително ќе го засили чувството на студ. Метеоролозите предупредуваат дека по краткиот пролетен период, следува враќање на посвежо време, па топлата облека повторно ќе стане неопходна.

Поврзани вести