Skip to main content

УХМР: За Нова година ќе дува северен ветер и дневната температута ќе биде под нула

Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен
ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините.

За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

Поврзани вести