
Пред нас е период на значително потопло време со значителен пораст на температурите на воздухот. Нашата Република Македонија во следните денови ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка.
Сепак, екстремно високи температури на воздухот нема да има. Според прогнозата на Метеопро преку ден тие на повеќе места ќе се искачат до околу 30 степени, а тие повремено на повеќе места ќе надминуваат и 30 степени, a во Повардарието тие ќе се искачат и до 35 степени.
Не се исклучува можноста повремено температурите во Повардарието да се искачат и за само некој степен над 35 степени.