Skip to main content

Сообраќајот по наместа влажни коловози, намалена видливост на некои патни правци поради магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. 

Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај, поради појава на магла намалена видливост од 80 до 100 метри има во Крушево, од 20 до 30 метри во Маврово, до 80 метри на планинскиот превој Стража и од 20 до 30 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка – на потегот од  село Гајре до Попова Шапка. 

-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот. 

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.

-Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, наведува АМСМ. 

Поврзани вести