
По вчерашниот топол ден, денеска снег во Македонија. Во моментов паѓа снег на планинскиот превој стража.
Започна продорот на многу ладен воздух директно од Сибир во нашата Република Македонија. Токму ова веќе условува формирање на секундарен снежен циклон и нагло и значително опаѓање на температурите, дури и за 10 до 15 степени пониски температури ќе имаме до вечерва во однос на оние кои ги имавме до вчера (сабота 5 април), пишува Славчо Поповски.
Во следните часови од север врнежите ќе се прошират насекаде во Македонија и повремено ќе бидат обилни и од снег најпрвин на повисоките населени места, планините и секако на Скијачките центри. Во текот на доцните попладневни часови од денешниот ден (недела 6 април) и вечерва врнежи од снег ќе има и во повеќето пониски места (градови).
Снег утрово ја зафати и Србија, а пласти снег паѓаа не само на планините, туку и низ градовите. Снег има и во Белград.
Видео: Република