Skip to main content

Следните 24 часа во Македонија нови обилни врнежи

Република

Под влијание на голем влажен бран од југ и од југоисток, во следните 24 часа во нашата Република Македонија ќе имаме нови врнежи од дожд (повремено пообилни) а најобилни врнежи ќе има во јужната половина од Македонија каде локално ќе наврнат нови над 20 литри дожд на метар квадратен. Ќе дува северен и североисточен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет, прогнозира Славчо Попоски.

Да напоменам дека локално е можна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На планините пак над 1600/1700 метри врнежите ќе бидат претежно од снег.

И во Скопскиот регион во следните 24 часа ќе има нови врнежи од дожд. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени, во Скопје и околината максимумот на температурата ќе се искачи до околу 15 степени, пишува Попоски.

Поврзани вести