
Пред истекот на рокот ја завршивме санацијата на тунелите Демир Капија 1 и 2 на делницата Демир Капија – Смоквица, дел од автопатот А1, соопшти директорот Коце Трајановски, откако Јавното претпријатие за државни патишта викендов (31.05.2025 год., сабота) го пушти во нормален режим сообраќајот на делницата Демир Капија-Смоквица.
Се изврши бојадисување,промена на сите нефункционални светилки, проверка на контролните табли и осветлувањето во SOS говорниците и трафостаниците во тунелот како и проверка на функционалноста на сите камери во тунелите и надвор од нив. Со направената санација на тунелите Демир Капија 1 и Демир Капија 2 ја подигнавме безбедноста на сите учесници во сообраќајот, порача Трајановски.