Skip to main content

Посебен режим на сообраќајот во Скопје денеска и утре

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска (27.01.) и утре (28.01.2025) во официјална посета на Република Македонија ќе присуствува Претседателот на Собранието на Република Црна Гора, г.Андрија Мандиќ и поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Поврзани вести