
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека жичницата на Водно денеска нема да функционира, поради најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за засилен ветер.
Како што се наведува во соопштението, јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за безбедно и непречено функционирање на жичницата.
Надлежните служби постојано ја следат состојбата на терен и ќе ја рестартираат работата на жичницата веднаш штом се создадат соодветни временски услови за нејзино безбедно користење.