Skip to main content

Попова Шапка најстудена, Гевгелија најтопла

Утринава, до 8:30 часот, најстудено беше на Попова Шапка, каде се измерени -1 степен Целзиусов. Спротивно на тоа, најтопло во исто време беше во Гевгелија со 11 степени, известија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Берово се измерени нула степени, во Лазарополе 3, во Демир Капија, Маврови Анови и Крушево 4, во Струмица 5, во Скопје-Петровец, Претор и Штип 6, во Крива Паланка, Битола, Охрид и Велес 7, во Виница и Кавадарци 8 и 9 степени во Тетово и Куманово.

За денес се прогнозира променливо време со повремени сончеви периоди. Ќе има благ до умерен северен ветер. Највисоката дневна температура ќе се движи од 13 до 20 степени.

Во Скопје, утрото ќе биде претежно облачно, а во текот на денот облачноста постепено ќе се намалува. Се очекува слаб до умерен ветер од северен правец. Највисоката температура ќе достигне до 19 степени.

Поврзани вести