
Попладне и во вечерните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Следува период на топло време. Утре ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. За викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со максимална температура до 30 степени.
Од почетокот на новата седмица се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.