Skip to main content

Подгответе се: Попладне доаѓа невреме

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и многу топло време со умерен наместа повремено засилен ветер, а попладне и во вечерните часови пороен дожд, грмежи и услови за изолирано невреме со појава на град.

Претпладне во западните делови од земјата ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени.

Во Скопје, слично време со пороен дожд и засилен ветер во попладневните часови. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде малку посвежо, а во деновите потоа температурата повторно ќе биде во пораст.

Поврзани вести