Skip to main content

Пехчево утрово осамна под снежна покривка

Пехчево утрово осамна под снежна покривка, а снежни врнежи се регистрирани и на повисоките места во регионот. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), снег денеска се очекува главно на планините и на дел од повисоките подрачја во државата.

Минималните температури ќе се движат во интервал од –2 до 6 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 3 до 9 степени Целзиусови.

Во текот на викендот, а особено во првите денови од следната седмица, времето ќе биде стабилно со ведри и студени утра. Утринските температури насекаде ќе бидат под нулата, што ќе создаде услови за појава на мраз.

Поврзани вести