Skip to main content

Падна и првиот снег во Македонија!

Попова Шапка утрово е под снежна покривка, што значи дека ладниот бран ја зафаќа нашата Македонија, објави Славчо Попоски

На планините локално се очекува снежна поркивка дури од над 50/60 сантиметри а повремен снег ќе има и во дел од повисоките градови во западните и во северните предели од Македонија. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.

Под влијание на циклонска активност и на многу ладна воздушна маса која од исток и од североисток, односно од Русија која се спушта кон нашиот дел од Европскиот Континент, до крајот на денов како и утре (петок 3 октомври) времето во нашата Македонија ќе биде облачно и невообичаено ладно за самиот почеток на месец октомври со врнежи од дожд кои во најголем дел ќе бидат обилни и ќе наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен, локално и над 60 литри дожд на метар квадратен. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.

На повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег и на планините ќе се формира првата сериозна снежна покривка за оваа сезона (над 50/60 сантиметри снег). Поради заладувањето понатаму повремени врнежи од снег ќе има и во дел од повисоките градови во западните и во северните предели од Македонија – најавува Попоски

Во Скопје и околината исто така ќе биде невообичаено ладно за самиот почеток на месец октомври, а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец.

Времето ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд а на околните планини и повисоки места од Скопје ќе има врнежи од снег. Во Скопскиот регион очекувам локално да наврнат над 30/40 литри дожд на метар квадратен а на околните планини ќе се формира снежна покривка.

Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени а утре (петок 3 октомври) ќе биде уште поладно со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 9 степени. На планинските и високите места температурите ќе бидат под нулата и ќе има појава на мраз, пишува Попоски.

Тој апелира доколку се патува низ планинските превои задолжително да се понесе зимска опрема и крајна внимателност при управување со возилата, поради појавата на мраз и обилни врнежи од снег.

Поврзани вести