Skip to main content

Официјално започнува новото годишно време: Денес во 16:33 часот доаѓа пролетта

20 март, во 16:33 часот официјално започнува пролетта.

Имено, денес е рамноденица која го навестува крајот на зимата, односно на денешен датум ноќта и денот ќе бидат со еднаква должина.

Иако голем број на луѓе знаат уште од училиште дека пролетта доаѓа на 21 март, пролетта ни доаѓа на 20 март последните две децении. Експертите ни открија дека пролетта доаѓа ден порано во последните дваесет години, поради двете различни методи за одредување на почетокот и крајот на годишните времиња: метеоролошки и астрономски.

Користејќи го метеоролошкиот метод – метеоролозите го набљудуваат годишниот пад и пораст на температурата и состојбата на атмосферата. Ова се утврдува климатолошки, со следење на температурната статистика и коорднација според календарот, со цел годишните времиња да се поделат на четири тримесечни сезони. Според овој метод, секоја сезона трае три месеци.

Вториот, астрономски метод, се заснова на астрономските сезони и се однесува на положбата на орбитата на Земјата во однос на Сонцето. Според овој метод, астрономскиот календар ги одредува годишните времиња според тоа кога ротационата оска на Земјата е на 23,5 степени во однос на нејзината орбита околу Сонцето.

Поврзани вести