
Денеска во попладневните и во вечерните часови на повеќе места во нашата Македонија ќе се развиваат конвективни облачни јадра од кои се очекува појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, особено во источните и во југоисточните предели процесите ќе бидат интензивни, односно ќе има појава на посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, кој може да услови локални поројни поплавувања, силен ветер, електрични празнења и со појава на град, најавува Славчо Попоски.
И во делови од Скопскиот регион исто така ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Попоски апелира поради очекуваното силно невреме, граѓаните да бидат крајно внимателни и да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека траат електричните празнења. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно истите да не ги ставаат во близина на дрвјата.
Извор: Метеоаларм.мк