Skip to main content

Медиумите низ цела Европа најавуваат драстични временски промени

Медиумите низ цела Европа најавуваат драстични временски промени, односно доаѓање на ладен атмосферски фронт.

Во Бугарија очекуваат крајот на летото да биде обележан со „поларна инвазија“, Италијанците пишуваат дека „од 21 до 22 август, бура ќе се спушти од северна Европа и ќе го погоди срцето на Стариот континент“, а Грците најавија дека по 20 август ќе следи драстично заладување.

Во исто време, метеорологот Иван Ристиќ објасни како ќе биде времето во Србија – „очекуваме постепен премин кон просечни температури, а продорот на ладен воздух што ќе се случи нема драстично да влијае на максимумите“.

Поврзани вести