Skip to main content

Готово техничкото решение за санација на мостот на Вардар кај Башино Село на влезот во Велес

Стручњаците на Градежнит факултет при УКИМ од Скопје го изработија техничкото решение и денеска го доставија до Јавното претпријатие за државни патишта, информира за МИА, декенот на Градежен факултет Скопје проф д-р Горан Марковски. Сега останува на ЈПДП да распише тендер и да избере изведувач за да започне санацијата на мостот на кој од 4 јануари годинава е запрен секаков вид на сообраќај поради влошената состојба на носечките столбови, а со цел да се спречи трагедија од урување на мостот.

Професорот Марковски првично оцени дека мостот требада се санира за месец до месец и половина. Toj со неговите колеги во саботата направија дополнителни испитувања на мостот, односно пробно товарење на мостот со камиони од 40 тони статичко и динамичко на горниот строј на мостот на носачите за да видат во каква состојба се и од тој аспект и да можат да донесат техничко решение што понатаму со мостот.

Како трајно решение на проблемот на велешани, премиерот Христијан Мицкоски при посетата на мостот во Велес, на 4 јануари годинава најави по завршување на сите админстративни процедури да се изгради нов мост на Вардар кај Велес на 50- тина метри подолу од постоечкиот, а неговата изградба да започне кон средината на годинава.

Поврзани вести