
Регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор до 7 часот утрината. Од нив, четири се сè уште активни, два се ставени под контрола, а 23 се изгаснати, информира ЦУК.
Моментално четири локации се зафатени од огнот, село Никуштак (општина Липково) и село Булачани (општина Гази Баба), каде што е зафатена нискостеблеста деградирана и дабова шума; депонијата Дрисла во Студеничани; село Татеши (општина Струга), каде што гори борова шума, и населбата Еленкамен (Струга) каде што е зафатена ниска вегетација.
Два пожара се ставени под контрола: на Дрџински рид, во месноста Стојковото кај селото Русиново (општина Берово), каде што горела дабова и букова шума со папрат, како и на депонијата кај селото Куклиш (општина Струмица).
Во текот на изминатите часови се изгаснати 23 пожари на различни локации, меѓу кои во општините Студеничани (с. Варвара и с. Драчевица), Гази Баба (Вардариште и ул. Финска), Шуто Оризари (ул. Брсјачка Буна), Сарај (с. Крушопек), Бутел (с. Љуботен), Битола (кај ЈНА и с. Српци/с. Беранци), Крушево (с. Пресил и с. Норово), Струга (с. Лабуништа и с. Враништа), Кичево (с. Грешница), Дебар (м.в. Три чешми кај браната Глобочица), Кавадарци (с. Кошани), Делчево (градска депонија), Липково (с. Оризаре и с. Опае), Старо Нагоричане (с. Стрновац), Тетово (с. Порој), Брвеница (с. Милетино), Штип (населба Баби) и Ѓорче Петров (с. Орман).
Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и да го пријавуваат секое забележано палење или сомнителен чад, со цел да се спречат поголеми штети и проширување на пожарите.