Делумно нормализиран сообраќајот на патот Дебар – Струга Сервиси 04.05.2025 Илустрација Од 17 часот сообраќајот на патниот правец Дебар – Струга се одвива наизменично по една коловозна лента поради случена сообраќајна незгода. Претходно, од АМСМ информираа дека сообраќајот на овој патен правец бил во целосен прекин од 14:30 часот.